Спектакуларен натпревар со многу шанси, многу одбрани на голот, борба и трчање одиграа Манчестер Сити и Реал Мадрид. Како што и се очекуваше, беше неизвесно до самиот крај, а „кралевите“ на крајот дојдоа до голема победа од 2-3, откако губеа на двапати.
По мечот тренерот на тимот од „Сантијаго Бернабеу“, Карлот Анчелоти изјави дека неговиот тим и покрај победата не смее да се опушти во реваншот…
„Најголемата грешка што можете да ја направите е да мислите дека веќе сте победиле и да го изгубите фокусот. Свесни сме дека ова беше само прв натпревар и дека има да се играат уште 90 минути. Мораме стоотстотно да влеземе и на реваншот во Мадрид“, изјави Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

