Анчелоти: Не игравме добро, заслуживме да загубиме…

Серијата од 14 средби без пораз на Реал Мадрид во Лигата на Шампионите беше прекината откако „кралевите“ синоќа загубија со 1-0 на гостувањето против Лил.

Карло Анчелоти во второто полувреме го уфрли и Килијан Мбапе, Реал имаше повеќе од поседот на топката, но општ впечаток беше дека актуелниот европски потфрли во Франција и заслужено не стигна ниту до бод на овој натпревар.

„Не игравме добро, заслуживме да загубиме, тоа е кратката оценка за овој натпревар – противникот беше подобар и заслужено славеше… Ни беше тешко да влеземе во мечот, а откако примивме гол почнавме да играме, но се мачеавме да искреираме чиста ситуација. Направивме шанси само во финишот, и тоа по нафрлања, Реал мора да покажува многу повеќе од тоа… Не е ништо страшно, на секого може да му се случи да има лош ден, најважно е да ја научиме лекцијата и да ги поправиме грешките. Сезоната е долга, има уште многу да се игра… лани загубивме едно дерби, а потоа влеговме во долга победничка серија, зошто и сега да не се случи истото“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...