Анчелоти: Не ми се допаѓа овој формат на ЛШ

Фудбалерите на Реал Мадрид не успеаја директно да се пласираат во осминафиналето од Лигата на шампионите, но тоа не е единственото нешто од што е незадоволен нивниот тренер Карло Анчелоти на крајот од првата фаза.

Еден од најтрофејните тренери, со неколку европски шампионски титули во кариерата, не се двоуми отворено да ги критикува креаторите на идејата за проширување на ЛШ на дури 36 клубови.

„Ова е премногу, не само за нас, туку и за сите. И во овој момент во фудбалот мораме да го намалиме бројот на натпревари, а не да додаваме повеќе. Тоа е мое мислење. Ние среќни сме и задоволни, штета што не се разбудивме порано во ова натпреварување… Не сакаме да играме против Сити и да повторам, не ми се допаѓа овој формат, има премногу натпревари“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...