Анчелоти не може во моментов, па Жорге Жесус нов селектор на Бразил!?

По вчерашниот отказ за Доривал Жуниор по тешкиот пораз од Аргентина (1-4), Бразилската фудбалска федерација веќе размислува за нов селектор на репрезентацијата на оваа земја.

Желба на Бразилците е актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, и вчера даде краток и јасен одговор дека нема да биде селектор на Бразил, затоа што сака да го испочитува договорот со Реал до јуни 2026.

„Имам договор со Реал и на таа тема немам што да додадам. Ја почитувам бразилската репрезентација, нејзините играчи и навивачи, но јас имам ангажман во моментов“ – истакна Анчелоти.

Па, сега како главен кандидат за нов селектор на бразилската селекција се истакнува Жорге Жесус кој во моментов го предводи Ал-Хилал во Саудиска Арабија. Но, според информациите, нема ништо против да седне на клупата на Бразил што за него е далеку поголем предизвик од овој актуелниот.

Се вчитува...