Анчелоти: Не се грижете, Белингем ќе игра на „Ел Класико“

Џуд Белингем продолжи со извонредната серија игри постигнувајќи гол и на третиот меч на Реал Мадрид во Лигата на Шампионите, во победата од 1-2 над Брага.

Англискиот ас сепак во финишот ги загрижи фановите на Реал жалејќи се на болка во мускулот, поради што мораше да биде заменет со Лукас Васкез. На три дена пред почетокот на вечното дерби со Барселона тоа може да биде огромен проблем за „кралевите“, но Карло Анчелоти денеска ги разреши сите дилеми на оваа тема.

„Не се грижете, Белингем ќе игра на „Ел Класико“. Тој не е повреден, се пожали на болка во мускулот и не сакавме да ризикуваме. Прегледите потврдија дека не е повреден, ќе бидеме со Белингем против Барса“, порача тренерот на Реал Мадрид.

Се вчитува...