Во медиумскиот отворен ден на УЕФА, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го стави фокусот на финалниот меч во Лигата на шампионите, против Борусија Дортмунд.
И покрај тоа што многумина го сметаат Реал како голем фаворит во финалето за освојување на трофејот, сепак, така не смета Анчелоти кој имаше многу пофалби за својот ривал на Вембли.
„Ја започнуваме неделата со голема самодоверба. Оваа недела ќе биде за уживање, играме финале во Лигата на шампионите. Сигурен сум дека во него ќе влеземе максимално мотивирани. Не мислам дека сме фаворити во финалето. Играме против тим кој исто така заслужува да победи. Покажаа квалитет, борбеност, добар став, и нивната посветеност да стигнат до ова финале е она што ме загрижува. И знаеме дека треба да се бориме како во секое финале. Ќе се фокусираме на сите работи“, рече Анчелоти.
Италијанскиот стручњак потоа зборуваше за Крос.
„Ова е последниот натпревар на Крос и се надевам дека ќе ја заврши кариерата во Мадрид со освојување на Лигата на шампионите. Индивидуално тој го заслужува тоа, но кариерата на Крос не зависи од уште една титула во Лига на шампиони, затоа што тој веќе направи доволно за овој клуб. Тој влезе во историјата на Мадрид и без разлика дали ќе освои уште една титула“, рече Анчелоти кој рече дека и натаму нема донесено одлука кој ќе биде на голот на Реал Мадрид во финалето, дали Лунин или Куртоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА