Анчелоти: Не сум среќен што примивме гол, потоа работите се влошија за нас

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти упати забелешки кон своите фудбалери и покрај победата над Брага (2:1) синоќа во натпреварот од 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Италијанскиот тренер имаше замерка на својата екипа што противникот успеа да постигне гол. Португалскиот тим се врати во мечот веднаш по вториот гол на „кралевите“ кој го постигна Белингем.

„Родриго постепено почнува да постигнува голови и тоа е многу важно за нас. Генерално мислам дека одигравме многу добар натпревар. Не ми се допадна што примивме гол, бидејќи претходно добро ја контролиравме ситуацијата и победата беше речиси во наши раце. По примениот гол се смени динамиката на играта. Добро го контролиравме слободниот простор меѓу редовите, а потоа при резултат 2:1 работите почнаа да се влошуваат, изјави Анчелоти за сајтот на УЕФА.

Се вчитува...