Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, сè уште не ја исклучува можноста Нејмар да биде во авионот за САД, Канада и Мексико.
Иако Нејмар беше изоставен за време на мартовскиот репрезентативен циклус, Анчелоти не ја отпиша целосно поранешната ѕвезда на Барселона и ПСЖ, а сегашен член на Сантос.
„Нејмар има уште два натпревари за да покаже дека има квалитет и дека заслужува да игра на Светското првенство. Тој е способен да се врати на 100% од својата физичка подготвеност. Разговарав многу пати и е многу јасно – повикот ќе им биде даден на оние играчи кои се физички целосно подготвени. По повредата на коленото, Нејмар ја пронајде својата форма, се врати, постигнуваше голови. Мора да продолжи во таа насока и да ја подобри својата физичка подготвеност. Мислам дека е на вистинскиот пат“, рече Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

