Крало Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид, потенцираше дека е задоволен одтимот кој го има на располагање сезонава.
Италијанецот истакна дека на шпанскиот и европски шампион не му се потребни нови засилувања во зимскиот преоден рок.
„Засилувања во јануари? Не сме заинтересирани за потпишување со нови играчи зимава. Тимот ќе остане ист до крајот на сезоната“, изјави Карло.
Се појавија одредени шпекулации дека Реал би можел да тргне по нов напаѓач, кој би бил резерва и замена за Карим Бензема, но очигледно претседателот Флорентино Перез нема такви амбиции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

