Анчелоти: Нема зошто да се плашиме од Манчестер Сити

Ждрепката не му беше наклонета на Реал Мадрид на денешното извлекување на четвртфиналните двојки од Лигата на Шампионите откако „кралевите“ за ривал го добија бранителот на трофејот Манчестер Сити.

Англискиот шампион важи за главен фаворит за трофејот и сезонава, но трофејниот стручњак верува дека Реал поседува доволно квалитет за да го елиминира Сити од елитното европско натпреварување.

„Не гледам зошто би биле нервозни или би се плашеле од Манчестер Сити. Сите противници се тешки, за многумина тие се најдобрио ттим во Европа сезонава, но тоа е само предизвик повеќе за нас. Оптимистички сме расположени за oна што е пред нас, знаеме дека за да станеш европски шампион треба да ги победиш најдобрите. Пред две години ние бевме шампиони, лани беа тие, овие натпревари дефинитивно ќе бидат за уживање за навивачите“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...