Анчелоти: Незаслужено сме поразени, битката за титулата станува се потешка

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти го коментираше поразо од Валенсија на домашен терен во Ла Лига. Тој рече дека поразот бил незаслужен, но и дека ги намалува шансите на тимот за титулата.

Тој смета дека на неговиот тим му недостасувала ефикасност, и не е задоволен од фактот што неговите играчи по промашениот пенал биле многу статични.

„Сега станува многу потешко да се бориме за титулата, но решени сме да одиме до крај. Мораме да се бориме до крај. Не е проблемот ниту физичката подготвеност, ниту тактиката. Создадовме многу шанси, но ни недостасуваше ефикасност. Точно дека во моментов на нашите противници не им треба многу за да ни дадат гол. Ризикувавме да победиме, ремито не ни беше од корист, и на крај примивме гол од противнапад. Мораме да внимаваме на секој детал, како промашениот пенал и фактот дека после него бевме во статична позиции. Влаенсија својот натпревар го одигра фантастично. Заслуживме победа, без сомневање. Моеме да се подобриме, имавме заслужени порази, а овој не беше таков“, рече Анчелоти.

Се вчитува...