Анчелоти: Никој не ја заслужува Златната топка повеќе од Винисиус

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одново ја коментираше можноста за неговиот фудбалер, Винисиус Џуниор да ја добие престижната награда „Златна топка“.

Според искусниот италијански стратег Бразилецот без сомнеж ја заслужува оваа награда пред клупските колеги Џуд Белингем и Дани Карвахал, односно фудбалерот на Манчестер Сити, Родри.

„Можеме слободно да кажеме дека Вини ќе ја добие Златната топка. Не се сомневам во тоа. За мене не може да ја освои никој друг“, изјави Анчелоти.

Винисиус Џуниор имаше значајна улога во походот на Реал Мадрид до трофејот во Лигата на Шампиони за што го доби и признанието за најдобар играч.

Се вчитува...