Анчелоти: Никој од федерацијата на Италија ме нема контактирано

Карло Анчелоти официјално беше претставен како нов селектор на една од најтрофејните репрезетнации во светот. Интересот од медиумите во Бразил беше голем, на преконференцијата присуствуваа околку 250 новинари кои му поставија и интересни прашања.

Едно од нив беше зошто го одбрал Бразил пред Италија на што следеше интересен одговор.

„Од федерацијата на Италија никој не ме побара. Истотака, Италија веќе има селектор, мојот пријател Лучијано Спалети“, изјави Анчелоти во Рио де Жанеиро.

„Горд сум на тоа што станав селектор на бразилската репрезентација која со пет светски шампионски титули е најуспешната репрезентација на светот. Јас имам голема одговорност да ја донесам шесттата титула“

Се вчитува...