Анчелоти: Нојер ќе брани, а Левандовски нема да го ризикувам ако има болка

Мануел Нојер дефинитивно ќе застане на голот на Баерн Минхен за утрешниот дуел од ЛШ против Реал Мадрид, но се поголема е неизвесноста околу тоа дали Роберт Левандовски ќе успее да се рехабилитира навреме за да им се спротивстави на „кралевите“. Тоа на денешната прес-конференција го потврди и Карло Анчелоти, кој потенцираше дека нема да ризикува со настап по секоја цена на полскиот голгетер доколку тој се уште чувствува болка во пределот на повреденото рамо.

Нојер сигурно ќе брани, тој и денеска тренираше со полна пареа и нема сомнеж околу неговиот настап утре. Со Левандовски ситуацијата е поинаква, тој се мачи со повреда на рамото и ако се уште чувствува болка нема да ризикуваме за да не дојде до посериозен проблем“ – изјави Анчелоти.

Левандовски во неделата и понеделникот не тренираше по повредата заработена на саботното дерби со Борусија Дортмунд, а денеска издржа само дваесетина минути пред да се упати кон соблекувалните.

Се вчитува...