Реал Мадрид има најдобар старт на сезона во новиот милениум, откако тимот на Карло Анчелоти забележа победи на сите осум официјалните домашни и интернационални натпревари. „Кралевите“ последната победа ја забележаа против РБ Лајпциг со 2-0 во рамки на Лигата на шампиони.
Италијанскиот стратег се осврна на играта на неговите избраници по одличните натпревари во низа.
„Не играме постојано фантастично. Но, нашата цел е да го неутрализираме противникот и да не дозволиме да го загрози нашиот гол. Не можам во континуитет да барам од играчите да играат фантастично, туку барам од нив да играат паметно за да победат“, изјави италијанскиот тренер.
Реал е лидер во Ф групата со шест бода, пред Шахтјор кој има четири. Тимот од Мадрид е прв и во Примера, каде в недела ќе гостува кај градскиот ривал Атлетико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

