Анчелоти: Она не беше фудбал, таков терен е срам за спортот

Реал Мадрид се пласираше во осминафиналето на „Купот на кралот“ откако со минимални 0-1 го совлада четвртолигашот Касерено.

Составот на Реал беше доста ослабен бидејќќи не играа Бензема, Модриќ, Крос, Карвахал, Куртоа и Винисиус. Победничкиот гол за „кралевите“ го постигна Родриго во 69. минута.

„Се ми се допадна, од првата минута до последната. Знаевме дека нема да биде лесно, но не искористивме шанси во одбраната и втор натпревар по ред одигравме без примен гол. Среќен сум за победата, но она не беше фудбал. Не можете да играте на таков терен. За мене тоа не е фудбал. Убаво е што помалите клубови можат да се натпреваруваат со големите. Тоа е добро за навивачите, но и тие би сакале да видат добар фудбалски натпревар“, заклучи Анчелоти.

Се вчитува...