Анчелоти останува на чело на Реал: Не е трагедија да загубиш во фудбал, ќе извлечеме добри поуки…

Карло Анчелоти ќе остане на кормилото на Реал Мадрид и во наредната сезона, без оглед на убедливиот пораз од Манчестер Сити со кој „кралевите“ беа симнати од тронот на фудбалска Европа. Искусниот стручњак беше поврзуван со заминување и преселба на клупата на репрезентацијата на Бразил, но според последните информации тој и Флорентино Перез донеле одлука Анчелоти да остане и да ја одработи и последната година од договорот што го има со „кралевите“.

Веднаш по убедливиот пораз од 4-0 во Манчестер, италијанскиот стручњак им ја честиташе заслужената победа на домашните фудбалери.

„Нема потреба од предолги анализи. Едноставно е, игравме против тим што беше подобар од нас, ни создаде многу проблеми со високиот пресинг и заслужено победи. Не постоеше никаков психолошки колапс на моите играчи, едноставно ривалот беше поквалитетен вечерва и заслужено победи. Не е ништо срамно да се загуби полуфинале во Лигата на шампионите, дури и со овој резултат. Не е трагедија да загубиш фудбалски меч, многу полоши работи може да ти се случат, во спортот и во секојдневниот живот“, истакна Анчелоти.

Се вчитува...