Карло Анчелоти, еден од најуспешните тренери во историјата говореше за последниот клупски ангажман во Реал Мадрид.
Италијанскиот стратег се врати на „кралската“ клупа во 2021 и до 2025 година успеа да освои бројни трофеи. И не само во Шпанија, туку и во Лигата на Шампионите. Сега го откри и клучот за успех.
„Кога се вратив во 2021 година во тимот беа ветераните како Модриќ, Касемиро, Крос, Бензема, Марсело и младите како Винисиус, Родриго, Валверде и Камавинга. Клучот на нашиот успех беа ветераните кои немаа его. Младите играчи не ги гледаа како конкуренти, туку како шанса повторно да победат“, откри Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

