Искусниот италијански стартег Карло Анечлоти откри дека во 2018 година имал шанса да го превземе селекторското место во репрезентацијата на Италија, но не ја прифатил понудата.
Причина за тоа е стравот од губење на страста за фудбалот со оглед на тоа што на репрезентацијата гледа како „работа со скратено работно време“.
„Реков не затоа што не ми се допаѓа. Повеќе ми се допаѓа секојдневно да бидам на теренот на тренинзи, а националниот тим изгледаше како работа со скратено работно време што ќе ме натера да изгубам малку од мојата страст. Тоа е единствената причина што одбив“, откри Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА