Анчелоти: Погрешив што го заменив Модриќ

Реал Мадрид испушти значајни бодови против Рајо Валекано во 12. коло од шпанското првенство. На патот на „кралевите“ застана македонскиот чувар на мрежата, Столе Димитриевски кој имаше извонреден настап на „Сантијаго Бернабеу“ каде во првото полувреме одбрани неколку зицери, а остана на врв на задачата и во вторите 45. минути.

По натпреварот тренерот на Рајо, Франциско Родригез изјави дека на неговиот тим му помогнала и замената на Лука Модриќ во 69. минута кога неговото место на теренот го замени Родриго. Овој потег го прокоментира и Карло Анчелоти.

„Модриќ беше многу добар, одигра фантастичен натпревар. Не заслужи да биде заменет. Можеби требаше да ги променам Камавинга или Валверде. Сакав со Ридриго да преминам на формација 4-3-3. 

Пробавме се, дадовме се до себе, но ова е фудбал и такви работи се случуваат. Нема дилема. Во добра позиција сме и во Ла Лига и во Лигата на Шампиони. Ќе продолжиме така“, изјави искусниот италијански стратег.

Се вчитува...