Анчелоти полуде затоа што Модриќ не изведе пенал: Не знам што се случи

Играчот на Реал Мадрид Лука Модриќ, ниту на третиот меч во Ла Лига не беше стартер. „Кралевите“ славеа триумф со 1-0 со голот на сега новата ѕвезда Џуд Белингем, кој постигна пет гола во првите три кола.

Згора на тоа Реал промаши и пенал кој го изведе Родриго, но на прес-конференцијата Карло Анчелоти беше лут затоа што договорот не било тој да го изведува.

„Играчите немаат слобода на одлучување. Му реков на Валверде дека Модриќ мора да го шутира пеналот“, изјави Анчелоти.

Минатата сезона пенали изведуваше Бензема, но по неговото заминување сега Модриќ е првиот кој изведува удар од 11 метри.

Се вчитува...