Анчелоти: Поразот од Лил на крај може да биде и корисен

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше во пресрет на утрешниот натпревар со Виљареал во Примера. Логично ја коментираше и потребата од реакција по поразот во Лигата на шампионите.

Тој рече дека поразот од Лил може ќе ги спушти на земја да играат подобро на следните натпревари, и да фатат една долга победничка серија.

„ Секој може да каже што сака, критиките се точни, со оглед на тоа што се случи во Лил . Има моменти кога треба да ја поправите вашата игра, а тоа треба да го направите брзо. Никој од нас не сака да губи, но понекогаш сме имале многу долги добри серии и можеби мислите дека сте непобедливи. Поразот ве враќа во реалноста, па така можеби ќе биде овојпат. Очекувам да одговориме веднаш соодветно и да победиме“, рече тренерот на Реал.

Се вчитува...