Одбраната на трофејот на Реал Мадрид во Лигата на Шампионите заврши уште во четвртфиналето, со елиминација од екипата на Арсенал. Апсолутно заслужена ако се знае дека „топчиите“ беа подобар ривал и на двата меча, по што заслужено се пласираа во полуфиналето каде ги очекува двомеч со ПСЖ.
Проблемите за Карло Анчелоти се продлабочија откако на слабите игри во Ла Лига се надоврза со оваа елиминација, но на италијанскиот стратег не му остана ништо друго освен да му честита на противникот.
„Разочарувачки е кога ќе испаднете од ЛШ, тоа е другата страна на фудбалот… ние многу пати досега сме се радувале, денеска тоа не бепе случај. Мораме да прифатиме дека Арсенал беше подобар од нас, и тоа на двете средби. Се обидовме, постоеја моменти и судиски одлуки кои можеа да влијаат, да се смени исходот, но остнаува фактот дека противникот одигра подобро од нас на овие две средби. Арсенал добро се бранеше, не можевме да најдеме простор. Имавме интензитет, но не беше доволно… Им реков на играчите да останат со кренати глави, се потврди дека во спортот нема непобедливи екипи, сега ни останува да одиме по трофеј на следните три натпреварувања кои се пред нас“, изјави Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА