Анчелоти потврди: Останувам во Реал Мадрид

Карло Анчелоти ќе биде тренер на Реал Мадрид и следната сезона, откако денеска потврди дека ќе остане на клупата на „кралевите“ до истекот на договорот до 2024 година.

Тој смета дека оваа сезона за „кралевите“ била добра, и покрај тоа што тимот не успеа да ја освои титулата, а ниту да се пласира во финалето во Лигата на шампионите.

„По мое мислење, ова беше добра сезона. Нормално дека можеше и подобро. Не сме задоволни од пласманот во Ла Лига. Следната сезона ќе бидам многу мотивиран. Целиот свет знае дека имам договор до 2024 година. Сите знаат дека ќе го довршам до крај. Разговарав со претседателот и имам голаме поддршка, ми даде максимална доверба. Клубот ми соопшти дека останувам до крајот на договорот“, рече Анчелоти кој додаде дека посакува со Реал да ја заврши сезоната во Шпанија победнички.

Се вчитува...