Анчелоти пред Сити: Секогаш ме боли глава пред секое соочување со Пеп

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, не крие дека неговиот тим го чека тежок натпревар против Манчестер Сити утре на „Етихад” во првиот натпревар од 1/16-финалето во Лигата на шампионите.

Ждрепката сакаше во оваа елиминациска фаза да се соочат двата гиганти кои минаа низ лош период во првиот дел од натпреварувањето.

„Овој натпревар е чиста класика. Ќе биде интересен дуел, како ниту еден друг. Тешко е да се предвиди како ќе заврши, затоа што се ќе зависи од индивидуалниот квалитет, карактетор, желбата…“ – вели Анчелоти пред утрешната пресметка и дополнува:

„Сити, без разлика на формата, располага со тим од највисока класа, па затоа ќе мора и ние да играме со 100% од силите ако сакаме да не бидеме елиминирани. Манчестер Сити е еден од најдобрите во Европа, а Гвардиола еден од најдобрите тренери во ова натпреварување. Пеп даде толку многу фудбалски иновации: посед на топката, играта во нападот, притисок. Вистински фудбалски иноватор за кого чувствувам огромна почит. Тој е еден од најдобрите, ако не и најдобриот. Секогаш кога се соочувам со Пеп ме боли главата, имам кошмари затоа што мора да мислиш на секој детал. Факт е, а тоа го покажаа и изминативе три години, дека кој и да победи сега, ќе оди многу напред во турнирот. Изненадување е дека се среќаваме толку рано, бидејќи можеше да биде финале или полуфинале. Но, ние самите сме си виновни за тоа, а не УЕФА“.

Се вчитува...