Анчелоти: Прочитав дека ќе ме наследи Чаби Алонсо

На пресконференцијата за медиумите во пресрет последното „Ел класико“ во сезоната тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се осврна и кон најавите за негова промена од страна на Чаби Алонсо.

Анчелоти не изјави официјално дали ќе замине од тренерското место, но наговести заминување со пофални зборови за шпанскиот стратег од Баер Леверкузен.

„Прочитав дека ќе ме наследи Чаби Алонсо. Тој одлично си ја врши задачата и сите врати му се отворени. Мојот меден месец со овој клуб никогаш нема да заврши. Милан и Реал се клубови кои се блиску до моето срце. Трите најважни натпревари со Реал ми се – Лисабон, Париз и Лондон (трите освоени титули во Лигата на Шампиони)“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...