Анчелоти: Против Атлетико Мадрид да одиграме како против Сити

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека се надева дека неговиот тим ќе одигра добар натпревар против Атлетико Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Реал Мадрид вечерва ќе го пречека градскиот ривал Атлетико во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Немавме добар став против Бетис, но се надевам дека тоа беше само изолиран случај. Имаме убави спомени од шеснаесетинафиналето против Манчестер Сити и се надеваме дека ќе одиграме добар натпревар како тогаш“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...