Анчелоти расположен: Ја чекам Италија во финале, само прво да се пласира на СП

Карло Анчелоти по неколку години преговори конечно седна на клупата на бразилската репрезентнација, а повеќе од јасно е дека трофејниот стратег е доведен со јасна цел – оваа јужноамериканска селекција да се бори за трофејот на претстојниот мундијал закажан за следното лето.

Анчелоти беше одлично расположен на својата последна прес-коференција, говорејќи за својата желба – во финалето на СП 2026 со Бразил за противник да ја има својата Италија. Само има еден проблем, Италијанците ќе мораат најпрвин да се пласираат на мундијалот ако се знае дека се втори во групата и ќе мора да играат бараж, а пред последниот мундијал на патот им застана токму Македонија.

„Се надевам дека Италија ќе се квалификува на СП 2026. Мораат тоа да го направат, да ја остварат таа желба на целата ација. А јас ќе ги чекам во финалето, тоа би било прекрасно. Сите би биле среќни, како Бразилците така и Италијанците. А за мене лично, тоа би било неповторливо чувство“, со насмевка коментираше Карло Анчелоти.

Бразил е рекордер по мундијалските трофеи со пет титули, еден повеќе од селекцијата на Италија.

Се вчитува...