Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти по натпреварот од 32. коло на шампионатот на Шпанија против Севиља (3-2), истакна дека неговите избраници извојуваа значајна победа.
„Кралскиот клуб“ се врати од 0-2, и со голот на Карим Бензема во последните минути од натпреварот стигна до трите бода.
„Многу важна победа, покажавме шампионски карактер. Во вториот дел играчите го покажаа својот карактер. Овој тим е способен да прави посебни работи. Почетокот на натпреварот беше лош, но ја задржавме самодовербата. Судиите во некои моменти немаа изедначен критериум, па нас ни судеа прекршок, а за иста работа на спротивната страна, тоа не беше случај. Ја заслуживме оваа победа, иако сите чекаа Реал да се сопне. Сè уште е рано да се зборува за освојување на шампионатот, но направивме голем чекор кон оваа цел“, изјави Анчелоти.
По 32 кола Реал собра 75 бодови и е убедлив лидер на табелата во Ла Лига. По Реал следуваат Барселона (два натпревара помалку), Севилја и Атлетико Мадрид со по 60 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

