Анчелоти се фати за глава кога слушна што зборувал Крос на пресот (ВИДЕО)

Дека во таборот на Реал Мадрид владее неверојатна атмосфера повеќе од доволен доказ е и комичната ситуација меѓу Тони Крос и тренерот Карлос Анчелоти при разминувањето за време на прес-конференцијата на „кралевите“ пред дуелот со Лајпциг.

„Кажа ли нешто?“ – го праша Анчелоти исклучително расположениот Крос, а овој низ смеа дофрли:

„Направив хаос. Им реков дека ќе го продолжам договорот до 2028 година“.

А, потоа следеше фаќање за глава од страна на Анчелоти.

Оваа ситуација е доказ дека Анчелоти има исклучителен однос со играчите, поради што и не е чудо што „кралевите“ имаат одлични резултати сезонава.

Се вчитува...