Анчелоти се извинуваше на ѕвездата на Реал откако не му даде ниту минута: „Тренеру, не барај простување…“

Карло Анчелоти и младата турска ѕвезда на Реал, Арда Гулер се најдоа во фокусот на вниманието по синоќешната победа на Реал Мадрид против Бетис од 2-0 во Ла Лига.

Откако беше стартер против Ваљадолид, Гулер доби половина час против Лас Палмас, за да синоќешниот натпревар против Бетис го преседе на клупата, како што беше најчест случај и минатата сезона.

По мечот, како што пренесуваат шпанските медиуми, Анчелоти му пришол на Гулер и му се извинил на младиот Турчин затоа што не му дал ниту една минута. Но, во одговорот Гулер не само што се заблагодарил на тој гест на Анчелот, туку и бил крајно спокоен кога е во прашање одлуката на Анчелоти да не го користи.

„Тренеру, не барајте простување, јас ги почитувам одлуките“ – му рекол Гулер на трофејниот тренер, тврди специјализираниот портал на Реал, „Дефенс Централ“.

Се вчитува...