Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се налути поради прашање околу менталното здравје на Килијан Мбапе на последната прес-конференција на клубот пред викенд настапот во Ла Лига.
Анчелоти го нападна новинарот, незадоволен од прашањето, па кратко потоа и ја напушти прес-конференцјата.
„Какво е ова прашање…? Неверојатно! Мбапе е среќен во Реал Мадрид. Многу е лошо да шпекулирате за неговото здравје. Што е ова!?“ – викаше Анчелоти на средбата со медиумите.
Мбапе сезонава досега има 16 настапи за Реал Мадрид, притоа со постигнати осум гола и две асистенции, но многумина сметаат дека сè уште не се прилагодил на новиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА