Искусниот тренер Карло Анчелоти, утре игра против Наполи. Анчелоти беше тренер на овој тим од мај 2018 година до декември 2019 година кога доби отказ.
Сега повторно добро му оди на клупата на Реал Мадрид, а на прес-конференцијата пред денешниот меч го прашаа мислење за неговиот поранешен тим, односно дали сака одмазда поради отказот.
„Не размислувам за тоа. Ви давам шанса за друго прашање… Ми беше добро таму, и не сакам одмазда“, рече Анчелоти.
Анчелоти покрај Реал и Наполи, ги водеше и Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Баерн Минхен, а на прашање во кој клуб најдобро се чувствувал, одговори:
„Во сите екипи убаво се чувствувам. Не сакам да покажам непочитување, но за мене Милан и Реал Мадрид се нешто посебно“, изјави италијанскиот тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА