Карим Бензема синоќа ги загрижи фановите на Реал Мадрид откако со болен израз на лицето го напушти теренот, по што веднаш стана јасно дека нешто не е во ред. Францускиот напаѓач се пожали на повреда во пределот на коленото.
Шпанските новинари кои отпатуваа на гостувањето кај Селтик се обидоа да добијат брзи одговори за состојбата на Карим. Бензема не бил баш расположен за зборување и не им открил на новинарите како се чувствува, односно им порачал дека главниот одговор ќе го дадат медицинските тестови.
По средбата и победата од 0-3, прва изјава за повредата на Бензема даде и Карло Анчелоти од прес-салата на „Селтик парк“.
„Сите сме загрижени, но повредата на Бензема не изгледа страшна и премногу тешка. Сепак, ќе мора да почекаме до дополнителните лекарски прегледи. Првите тестови кои му беа направени не укажуваат на нешто сериозно … Се уште не е точно познато дали се работи за нешто мускулно, или околу коленото, не е баш јасно. Затоа за поточен одговор ќе почекаме“, изјави Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

