Реал Мадрид утре ќе гостува на Севилја во новата рунда од шпанската Ла Лига, а домашниот тим ќе биде предводен од искусниот Серхио Рамос, одличниот дефанзивец кој најдобриот период во кариерата го мина токму во дресот на „кралевите“.
Рамос мина две години во ПСЖ пред летово да се врати назад во Севилја, а Анчелоти не крие дека има исклучително високо мислење за него, меѓу другото и поради голот што го псотигна во финалето од ЛШ во 2014 година против Атлетико Мадрид, по кој Реал стигна до титулата, а Анчелоти си ја задржа работата на „Сантијаго Бернабеу“.
„Едвај чекам да го видам Серхио и да се поздравам. Имам добар однос со сите фудбалери со кои сум работел, но Рамос ми е еден од најомилените. Тоа е реалноста, јас не би бил денеска овде да го немав Серхио во Реал. Ако не го дадеше тој гол во финалето одЛШ, најверојатно немаше да останам во Реал по тој меч… и потоа немаше да се вратам и да бидам во Мадрид до ден денеска. За тој гол, но и за многу добри настапи што ги имаше во дресот на Реал, сите во нашиот клуб му се бескрајно благодарни. Не се сомневам дека ќе биде мотивиран и дека ќе игра на највисоко ниво, се надевам дека нема да даде гол против нас“, изјави Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

