Анчелоти со поддршка: Со Супер-лигата сите ќе бидат победници

Тренерот на Реал Мадрид, искусниот Карло Анчелоти изрази поддршка за формирањето на Супер-лигата. Тој ја нарече оваа одлука на судот важна за фудбалот, затоа што ќе донесе само позитивни работи за сите клубови.

Анчелоти ја коментираше одлуката на Судот која дозволи формирање на Супер-лигата после победата на неговиот тим против Алавес од 0-1.

„Фактот дека нема повеќе да има монопол, тоа го сметам за позитивно. Исто така ќе се поправи и меѓународниот календар и во тој случај сите се победници. На темел на судската одлука, мислам дека фудбалот ќе доживее позитивно поместување“, рече Анчелоти.

Се вчитува...