Реал Мадрид славеше со 2-1 во градското дерби против Атлетико Марид во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Шампиони, во меч кој го одбележа Федерико Валверде.
Уругваецот кој стандардно е во средината на теренот го прифати предизвикот да ја покрие проблематичната позиција десен бек и фантастично се снајде на неа. Покрај тоа што беше одличен во одбраната, успеа и да асистира за голот на Родриго па доби големи пофалби од страна на тренерот Карло Анчелоти.
„Ме остава без зборови. Беше пресреќен на крајот на натпреварот бидејќи многу му помогна на тимот. Навистина, останав без зборови“, изјави Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

