Анчелоти со сарказам: Малку сум збунет, слушнав дека играме слабо, а во исто време сме лидери

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги исмева критичарите на својот тим. По победата од 4:1 над Лас Палмас, шампионот го врати првото место во шпанското првенство, оставајќи ја Барселона седум бода зад, а Атлетико Мадрид два.

„Малку сум збунет бидејќи слушнав дека игравме слабо, но во исто време сме и лидери“, изјави Италијанецот по мечот на Бернабеу.

„Мислам дека критиките кон нас се поостри отколку што треба. Според мене, релативно добро успеваме да се справиме со лошите и добрите моменти“, додаде Анчелоти.

Не пропушти да го пофали и Мбапе.

„Килијан е најдобриот напаѓач во светот, иако и тој самиот не беше сигурен дали таа позиција е неговата омилена“, рече Италијанецот.

Се вчитува...