Карло Анчелоти не крие дека му годи интересот на Бразил за преземање на нивната фудбалска репрезентација.
Не е тајна дека Дон Карло е прв фаворит на Бразилците, поради што Италијанецот отворено признава дека му ласка интересот, иако нагласува дека приоритет му е да го одработи договорот кој го има со Реал Мадрид до 2024 година.
„Секако, среќен сум од повикот од Бразил, тоа нуди страст кај секого, но јас сум човек со принципи, човек кој ги почитува договорите и сакам да ги доработам како што првично сум се договорил. Ласкаат таквите понуди но сега други се моите планови“ – вели Анчелоти, притоа дополнувајќи:
„Единствено на што мислам е Реал Мадрид. Се е јасно, ќе останам тука се додека Реал ми го дозволува тоа. Добро ми е тука, ја чувствувам љубовта од луѓето и моето најблиско опкружување. Секој може да каже што сака, но реалноста е дека остануваат уште два месеци од оваа сезона и имам договор и за наредната. Јас сакам да останам, но никој не знае што носи иднината“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

