Реал Мадрид доживеа изненадувачки пораз (0-1) во 22. коло од Ла Лига, останувајќи без бодови на гостувањето против Еспањол.
Натпреварот го одлучи Карлос Ромеро во 85. минута, а „Марка“ пренесува дека истиот играч требало да биде исклучен 25 минути порано, по „ужасниот старт“ над Килијан Мбапе.
Ромеро од зад грб стартуваше врз ѕвездата на Реал при контранапад, кој судијата Алехандро Муњис Руиз го квалификуваше како жолт картон, поради што и од таборот на Реал искажаа силен револт.
„Одлуката што ја донесе судијата е необјаснива. Не само судијата туку и ВАР. Ризикот од повреда на Мбапе при тој старт беше многу голем. ВАР е таму за да го заштити играчот. За мене е необјасниво што не е црвен картон“ – изјави Италијанецот.
That tackle on Mbappe is a CLEAR red card but I guess the referee is blind pic.twitter.com/8oVovy7t9x
— WolfRMFC (@WolfRMFC) February 1, 2025
На Реал му беше поништен и гол на Винисиус, поради прекршокот на Мбапе над Лозана.
„Судијата ни кажа дека е поради прекршок“ – накратко потврди Анчелоти.
Новинарите инсистираа да добијат одговор дали се води „судиска војна со Реал Мадрид“.
„Не сакам да зборувам за тоа. Само за денешниот натпревар“ – одговори стратегот на „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА