Карло Анчелоти експресно остави своја трага врз играта на бразилската репрезентација, пласманот на СП 2026 е осигуран, но искусниот стратег е свесенн дека најголемиот предизвик допрва следи – бидејќи од него се очекува на „кариоките“ да им го донесе мундијалскиот пехар.
Свесен дека пред него е многу работа, Анчелоти сепак обелодени дека приоритет ќе му биде да состави беспрекорна одбрана во селекцијата што секако поседува огромен талет во навалната линија.
„Нов светски шампион ќе стане селекцијата што најдобро ќе се брани, не таа што ќе биде со најдобар напад. Ова нне го измислив јас, таков е трендот во фудбалот и затоа одбраната е она на што ќе мораме да обрнеме особено внимание во наредниот период. Лесно ми е да се адаптирам на селекторската работа, темпото е многу поразлично. Moрам најпрвин да ја прифатам културата на државата, поради што веќе почнав да живеам во Рио. Ме радува ентузијазмот и одличната организација на сите во федерацијата, работиме во исклучително организирани околности и ништо не ми недостига“, изјави Анчелоти.
Бразил секако ќе атакува на титулата на СП 2026, но трофејниот стручњак јасно стави до знаење дека тоа не смее да донесе дополнителен притисок врз неговите фудбалери.
„Наша единствена обврска е да се обидеме. Не постои обврска да се победи, тоа е невозможно кај било кој, дури и оној што мисли дека е најдобар не може да слави на секој натпревар. Јас бев тренер на Реал Мадрид и за шест години не освои шест титули во ЛШ, туку три. Толку многу работи можат да се случат за време на еден меч што би го промениле неговиот тек“, порачува трофејниот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

