Анчелоти: Трансферот на Меси во Интер Мајами ќе го подобри фудбалот во САД

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кажа дека трансферот на Лионел Меси во Интер Мајами би можел да го подобри фудбалот во САД, и не му е јасно како досега МЛС Лигаата не се разви уште повеќе.

Анчелоти рече дека сега преминот на Меси во САД може да ја смени сликата за фудбалот во оваа земја, ооткако е јасно дека кошарката и американскиот фудбал се спорт број 1 во таа земја.

„Фудбалот во САД мора да се натпреварува со многу силни спортови за да стане повеќе популарен. Преселбата на Лионел Меси во Интер Мајами може да помогне лигата да се подобри. Меѓу жителите во градот има многу луѓе кои го сакаат фудбалот“, изјави тренерот на Реал Мадрид.

Се вчитува...