Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти имаше што да му каже на Бразилецот Ендрик поради несериозноста што ја покажа во ситуацијата пред голот на Хетафе.
„Кралскиот клуб“ славеше против Хетафе со 0-1 со голот на Арда Ѓулер, но другиот тинејџер во тимот го разочара Анчелоти.
Ендрик доби шанса од стартот, играше до 64. минута кога беше заменет од Белингем, не многу време откако Бразилецот се однесуваше крајно несериозно при една шанса за гол.
На прес-конференцијата Анчелоти изјави дека токму поради тој потег го заменил младиот Бразилец.
„Тој не смее да прави такви работи. Млад е и мора да учи, но не смее да прави такви работи. Мора да биде максимално сериозен. Реал не е театар“, изјави Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА