Селекторот на Бразил и поранешен тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, во најавата за пресметката со Хрватска зборуваше и за Лука Модриќ.
Анчелоти даде интервју за италијанскиот весник „Кориере дел Тичино“. Во него зборуваше за претстојниот натпревар со Хрватска, кој Бразил ќе го игра ноќта од вторник кон среда во 2 часот наутро. Секако, една од темите беше поранешниот капитен на Реал, а сега фудбалер на Милан, Лука Модриќ.
„Драго ми е што повторно го гледам Модриќ. Тој е посебен случај. Во последната сезона, кога го тренирав во Реал Мадрид, имаше 39 години и не пропушти ниту еден тренинг. Тој е физички подготвен, како и ментално“, рече Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

