Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, сосема очекувано беше револтиран на судијата Хил Манзано кој синоќа не дозволи гол за победа на „кралевите“ на гостувањето против Валенсија.
Манзано свиреше крај среде акција на „кралевите“ која уште течеше а по која Реал постигна гол преку Белингам. На крај, Англичанецот поради протести доби и црвен картон, а очекувано по мечот ситуацијата ја коментираше и Карло Анчелоти.
„Нема што многу да се каже. Сите видоа. Се случи нешто досега невидено. Уште посрамен е црвениот картон за Белингам. Тој не го навреди судијата, тој едноставно повторуваше ‘тоа е е.ан гол’… Но, тоа не е никаква навреда кон судијата. Како и да е ние ќе спиеме мирно вечерва. Чисти сме пред себе и лидери сме во Ла Лига. А некои други, не знам…“ – истакна Анчелоти на синоќешната прес-конференција по мечот на „Месталја“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА