Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека Чаби Алонсо има профил да биде шеф на стручниот штаб на мадридскиот клуб, пренесуваат шпанските медиуми.
Анчелоти има договор со Реал до јуни следната година. Потоа треба да ја преземе бразилската фудбалска репрезентација.
„Не размислувам за мојата иднина. Горд сум што во Бразил зборуваат за мене и ништо друго. Ќе го чекам последниот ден во Реал”, изјави Анчелоти.
Алонсо е тренер на Баер Леверкузен, а од 2018 до 2019 година работеше во тренерската академија на мадридскиот клуб. Шпанските медиуми претходно најавија дека Алонсо би можел да го преземе Реал на крајот од сезоната.
„Беше одличен играч и има фантастична тренерска кариера. Има профил да биде тренер на Реал, бидејќи го познава клубот и е многу популарен“, изјави Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

