Анчелоти: Вини не требаше да добие црвен картон, ќе се жалиме!

Столе Димитриевски беше во главна улога на вчерашниот дуел меѓу Валенсија и Реал Мадрид. Македонскиот голман успеа да го испровоцира Винисиус да добие директен црвен картон на овој натпревар.

На петнаесетина минути до крајот Бразилецот падна во свој стил во шеснаесетник, Македонецот му пријде и следеше мал контакт, по што Винисиус замавна со двете раце и го удри Димитриевски.

Контактот не беше преголем, но намерата беше очигледна, па по интервенција на ВАР и повторно прегледување на снимката беше одлучено најдобриот светски фудбалер за 2024 година да добие директен црвен картон.

Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти смета дека двајцата требаше да добијат жолти картони, па најави жалба за црвениот на Винисиус.

„Не беше црвен картон за Винисиус и ќе се жалиме. Голманот го турна и Вини само одговори. Требаше да биде жолт картон и за двајцата и толку, тоа е тоа“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...