Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги прокоментира гласините дека неговиот напаѓач, Винисиус Џуниор ќе ја освои престижната награда „Златна топка“ за 2024 година.
Искусниот италијански стратег смета дека со головите во полуфиналето и финалето Бразилецот заслужил за прв пат во својата кариера да стигне до оваа награда.
„Мислам дека ја заслужува поради тоа што го направи претходната година поготово во Лигата на Шампиони. Не водеше до титулата со голови во полуфиналето и во финалето. Мислам дека ќе ја освои. Па и да не ја освои во ред е. Одиме понатаму“, вели Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА