Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави дека од утре започнува многу напорен распоред за тимот и дека сакаат да го започнат на добар начин.
Анчелоти призна дека крилниот напаѓач Винисиус Јуниор не е во најдобра форма од почетокот на сезоната, но истакна дека не е загрижен поради тоа.
„Винисиус Јуниор не е во својата најдобра форма, но останува многу важен за нас. Ние не брзаме. Тимот постигнува голови, па тоа ми е последната грижа. Винисиус секогаш работи напорно и дава се од себе. Јас сум многу задоволен со неговата работа. Не можам да очекувам дека сите секогаш ќе бидат на 100% подготвени,“ порача Италијанецот.
Тој додаде дека Џуд Белингам и Аурелиан Чуамени нема да играат утре, бидејќи за нив е „прерано да се вклучат во игра“.
„Ќе видиме дали ќе бидат подготвени за дуелот во Лигата на шампионите во вторник,“ истакна Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА