Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти упати пофалби за Винисиус Јуниор откако Бразилецот постигна хет-трик во победата од 5-2 над Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
„Што тргна наопаку? Во првиот дел бевме плашливи“, рече Анчелоти и додаде:„Во вториот дел игравме со повеќе енергија и повеќе ризикувавме, а тоа беше нашето најдобро полувреме. Мислам дека Вини Јуниор ќе ја освои Златната топка. Дали тоа што го направи против Борусија Дортмунд ќе му помогне? Не, ќе му помогне да ја освои Златната топка следната година. Винисиус ќе ја освои Златната топка не поради вечерва, туку за она што го направи минатата сезона“, изјави Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА